– Имав плодна средба со претставниците на авиокомпанијата „Онур ер“. Тие ги образложија плановите за ширење на нивната мрежа и во Македонија преку воспоставување нови линии – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Два земјотреси беа почувствувани денеска во Македонија. Првиот, со епицентар на 6 километри западно од Пехчево со јачина 2.7 степени според Рихтер, на длабочина од 2 километри беше почувствуван во 9 часот и 33 минути.
Oд Комисијата за стручен надзор претходно утврдија дека не се работи за лекарска грешка, но одлуката за дисциплинската мерка доаѓа откако случајот беше објaвен во јавноста.
Обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми, се согласи со барањата на одбраната, но не сакаше да даде изјава за медиумите по завршувањето на рочиштето.
Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) при Армијата на република Македонија денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе изведе тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен механизиран пешадиски баталјон во напад“, како крунска активност на единиците.
На Свечена академија што ќе се одржи по тој повод ќе се обратат претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на МАНУ академик Таки Фити.
Шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска, Маргот Валстром и Тимо Соини денеска престојуваат во официјална возвратна посета на Република Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Во денешното писмо до официјалните лица на глобалниот платежен сервис, Глигоров ги посочува придобивките на PayPal со отворањето на платежниот систем во Македонија.
Преговорите со Грција за решавање на спорот подолго време беа во застој и потребен е позитивен пристап, а не „површен национализам“, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Прилеп.
Специјалното јавно обвинителство почнало со анализа на материјалите одземени при вчерашните претреси во канцелариите и во домовите на судијата Владимир Панчевски и на двајца информатичари вработени во судот, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.