Завод за статистика: Во Македонија 450.500 граѓани се сиромашни
Во Македонија 21,8 процент или 450.500 граѓани се сиромашни, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика за 2016 година. Од вкупниот број сиромашни девет проценти се вработени, а 7,1 процент се пензионери.