Проект: „Медиумски писмен студент“ – Децата уште од основно медиумски да се описменуваат
Учениците уште во основното образование во рамки на конвенционалниот образовен процес треба да учат за медиумите, не само како да ги користат, туку и како да се заштитат од реклама, политичка манипулација, како да препознаат лажна вест.