Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Делегацијата на ЕУ во Скопје задутре на состанок ќе ги прецизираат деталите околу анализата на субвенциите, нивниот ефект и влијанието врз земјоделството.
Обвинителите од СЈО, пак, побараа пасошот да не му се враќа, бидејќи според нив, неговото отсуство би довело до одложување на процесите кои се водат против него.
Од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 74,5 проценти, а 61,9 проценти користеле интернет секој ден или речиси секој ден.
Како што информираат од неговиот Кабинет, говорејќи за предизвиците на современиот свет, претседателот Иванов пред студентите на Окфорд го истакнал македонскиот модел на соживот и почитување на различноста.
Советот на јавните обвинители утре ќе одржи седница на која ќе ги разгледа поднесените пријави на огласот за Јавен обвинител на Република Македонија.
Обезбедување ИТ податоци и нивна електронска размена меѓу релеванитните институции за креирање и спроведување ефективна земјоделска политика и политика за рурален развој.
Апелацискиот суд денеска треба да расправа дали снимките од прислушуваните разговори ќе можат да се користат како доказ во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија ќе ја разгледа предлог-одлуката за давање на трајно користење на движни ствари (инкубатори) на повеќе клиники во земјата.
Запрен е трендот на опаѓање на корисници на фиксна телефонија, која и натаму останува најмалку користена комуникациска услуга.
Триесет и девет нови стипендии традиционално и годинава доделува Фондацијата „Трајче Мукаетов“ од кои 18 за студенти на Фармацевтскиот факултетот и 21 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје.