Специјалното јавно обвинителство поднесе претставка за утврдување на одговорност на судијката Моника Бахчовановска од Основниот суд Скопје 1 во врска со предметот „Тифани“ во кој за даночно затајување е обвинета новинарката Ивона Талевска.
Почнуваме со кривична постапка против главниот извршен директор на Фени индустри, Јусуф Миракхмедов кој свесно ја искористил службената положба и овластување за прибавување имотна корист за себе или други лица, измама од големи размери.
Саморегулација, а не регулација за онлајн медиумите, предлагаат Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).
Обвинителот на СЈО Стевчо Донев на денешната јавна седница рече од содржината на прислушуваните разговори кои се приложени како доказ произлегува дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар.
- Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 18. седница ги констатира оставките на пратениците кои во првиот круг од локалните избори добија градоначалнички мандати.
Агенцијата за филм на Македонија направи контрола во врска со доделувањето средства за снимање на серијата „Македонија“, при што се утврдени пропусти, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Претседателот на Македонското научно здружение за аутизам, Владимир Трајковски рече дека проектот ќе заврши во август 2018 година и доколку после тоа државата не вложи средства нема да можат обучувачите од Здружението да ги продолжат обуките.
Измени во законот за матична евиденција и системско решение на проблемот на лицата без документи за целосна инклузија на Ромите во сите области, најави денеска министерот задолжен за имплементација на Националната стратегија за Ромите Самка Ибраимовски.
Основачкото собрание на Друштвото за македонско-шведско пријателство и соработка денеска ќе се одржи во резиденцијата на Амбасадата на Кралството Шведска во Скопје.