Корона приказни од Македонија: Луѓе бегаа од нас, добив забрана од татко ми да одам кај него
Имав температура, околу 38,7 беше, два-три дена. Пиев парацетамол и се препотував. Осеќав дека ми беше отапено и чувството за вкус и мирис. Првично, не се сомневав на КОВИД-19. Во меѓувреме, разбрав дека еден колега од Велес веќе бил позитивен. Поради тоа се посомневав и кај матичниот лекар побарав да се тестирам, иако со заболениот немав директен контакт. Но, користиме заеднички простории, возила и слично