Во Државниот санитарен инспекторат е потврден еден позитивен случај на заболено лице од Ковид-19, соопштија извори од ДСЗИ, посочувајќи дека станува збор за административен работник
За случајот „Рекет” видовме сè и сешто, но обвинителството не покажа докази за делото за кое се товари обвинетиот Бојан Јовановски, изјави во завршен збор неговиот адвокат Сашко Дуковски
Во кругот на Градската општа болница „8 Септември” денеска ќе бидат предадени во употреба респираторите кои како донација ги обезбеди Кралството Норвешка
Партиските лидери мора да покажат одговорност за излезно решение, бидејќи не може државата да продолжи со постојана вонредна состојба, изјави денеска собранскиот спикер Талат Џафери во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“
Осумдесет и девет нови случаи на заразени со коронавирусот се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои најголемиот број се од Скопје – 35 случаи
Унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер“ соопшти дека од 3 јули ќе воведе авионска линија од Скопје кон Салцбург и обратно
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска преку својот фејсбук профил соопшти дека е позитивна на КОВИД-19
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Шпански скали“ во кој се обвинети поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и други 10-тина службеници, меѓу кои нотари и бизнисмени
Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми е во самоизолација, поради тоа што бил во контакт со пратеникот од СДСМ, Мухамет Зекири
Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на неговиот фејсбук профил објави дека денеска бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 е уште позагрижувачки и апелира да се почитуваат превентивните мерки