Наместо од 15-ти јуни, Грција ќе ги отвори границите со Македонија на 1 јули и тоа само преминот Евзони
Копнените граници со Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не на 15 јуни како што првично беше најавено, а ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони (Богородица), кон нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.