Во Македонија вкупно хоспитализирани 318 пациенти со Ковид, 76% од починатите имале хронични болести
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во последните 24 часа се направени 841 тестирање, регистрирани 103 нови случаи, и тоа во Скопје 46, Куманово 6, Прилеп 2, Тетово 17, Струга 9, Велес 3, Битола 1, Охрид 3, Кавадарци 1, Гостивар, Струмица и Свети Николе по 1 и во Ресен 6 пациенти.