Македонија го доби лекот „Авиган“ како донација од Јапонија
Преку итна неповратна помош, Јапонија одлучи да обезбеди лекови, Фавипиравир (Авиган) за земји погодени од Ковид-19, во партнерство со УНОПС (Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации). Република Македонија од Јапонија доби „Авиган“ за 100 лица, соопштија од Јапонската амбасада во Скопје.