Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата Роми во пристапот до превентивната здравствена заштита е темата на денешната конференција што ќе ја одржат здруженијата ЕСЕ, Романо Чачипе, ИЗИР и невладината организација КХАМ
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“
Нови 137 случаи на Ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеа 131 лице, а починаа десет. Здравствените власти, сепак, епидемиолошката состојба ја оценуваат како генерално стабилна и сметаат дека засега нема потреба од рестрикции
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 36-та седница
Лично смета, а тоа, рече, е мислење и на голем број нејзини соговорници, дека секаде каде што е можно и каде што постојат услови од безбедносен аспект, од 1 септември да се реализира настава со физичко присуство.
Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК.
Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Резултатот од тестирањето го добил денеска, и како што пишува, нема никакви симптоми и се чувствува добро.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.
Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од: Скопје-41, Штип-10, Тетово-11, Струга-25, Велес-3, Охрид-36, Гостивар-5.