Новинарот Љупчо Златев физички и вербално нападнат, МВР го потврди случајот
Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше „Излези надвор, многу си ни згрешил, излегувај надвор“. Јас на неговиот напад се спротиставив и не дозволив да ме извлече надвор, по што приклештен пред влезот тој неколку пати со неговата глава ме удри во пределот на челото.