ХОПС ќе ги соопшти резултатите од Креативната акција за општествени промени
Создавање општество кое ќе поддржува и ќе реагира со емпатија, наместо да осудува, кое ќе подава рака, наместо да турка кон маргините, е целта на уметничката инсталација „РЕ Употреби го умот“, изработена од луѓе кои употребуваат дроги, и преку чие претставување ХОПС денеска ќе ги презентира резултатите од проектот Креативна акција за општествени промени