Османи: Не сме дел од официјалната комуникација на ЕУ земјите, затоа немам информации за Меморандумот од Бугаријата
Меѓувладината конференција, со која се означува и стартот на преговори со Европската Унија, е предвидена за декември, тоа е нешто за што е постигнат консензус во март, а поддршката ја даде и Бугарија, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.