Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Кралството Белгија и на Кралството Данска
На церемонијата на предавање на акредитиви од страна на Фредерик Мерис, новоименуван амбасадор на Кралството Белгија во Република Македонија, со седиште во Софија, претседателот Пендаровски истакна дека во изминатиот период двете земји изградија блиски пријателски односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а Кралството Белгија е голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски и евроатлантски процеси