Во Кочани рапиден раст на новозаразени, лоцирани мини кластери во институции, текстилни фабрики, градинки...
На средбата со градоначалникот на Кочани се разговарало за високиот број позитивни лица во општината во изминатите две недели, посебно за новите мини кластери во некои институции, текстилни фабрики, но и меѓу здравствени работници и вработени во градинките.