Пописот и резултатите од него нема да влијаат ниту на Уставот ниту на Рамковниот договор, вели Заев
Пописот на населението и резултатите никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор или слично. Да се растовариме од оваа работа, порача денеска премиерот Зоран Заев во однос на, како што рече, дебатите дали по резултатите од пописот „требало да се отвори Уставот или не“.