Рокот од 20 дена за добивање на информација од институциите е премногу долг, реагираат новинарите
Според новинарите, рокот од 20 дена за добивање информација предвиден во законот, е премногу долг за медиумите, особено во случаи кога треба да се објави дневна вест. Предлогот е да се воведе скалест рок, односно за граѓаните да остане рокот од 20 дена, но за медиумите овие рокови да бидат скратени.