Синдикатот на полицијата повторно побара од Заев и Спасовски додаток на плата за вработените во полицијата и бонус плата
Синдикатот на полиција во Македонија од Владата и од министерот Оливер Спасовски бара да воведат додаток за вработените во полицијата за борба против коронавирусот, бидејќи, како што посочуваат оттаму секојдневно се изложени на висок ризик од зараза.