Заев ги добил резултатите од тестирањето, негативен е на Ковид-19
Синоќа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук-профилот објави дека е позитивен, по што премиерот Заев најави дека ќе се тестира, иако, како што рече, немал директни контакти со него, и оти тие што ги остварил биле со почитување на сите заштитни мерки.