ФЗОМ ќе плаќа хоспитализација на Ковид пациенти во приватните болници, ако се исполни капацитетот на јавните здравствени установи
Во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се однесуваат на приватните болници се пандан на Уредбата со законска сила којашто важи до 31.12.2020, и истата мора да се продолжи.