Хаос на дерматологија: 39% од лековите со поминат рок, скапа опрема не се користи, на Клиниката не се правел попис
Слабости во управувањето со лековите за ретки болести, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги се утврдени со ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на ЈЗУ Универзитетска клиника за дерматологија.