„Марш за ангелите“ во Кочани: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има
„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“ и „Прошка нема, правда мора да има“, се дел од пораките испишани на транспаренти што ги упатија семејствата на починатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ на денешниот, петти протестен „Марш за ангелите“ во Кочани.