Сум бил, сум и ќе бидам градоначалник на сите граѓани, ја барам поддршката од сите политички субјекти, вели Димитриевски
Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска во изјава за медиуми ги демантираше сите лажни обвинувања кои овие денови се упатени кон него и кон концептот „За наше Куманово“.