Ременски: Граѓаните се исправени пред историска шанса да одлучат за иднината на Македонија
Граѓаните на Р.епублика Македонија се наоѓаат пред историска шанса на 30. септември да излезат на гласање и да го искористат своето загарантирано уставно право за референдумско изјаснување и така да ја изберат иднината и за Македонија и за своите деца и идните поколенија, порача на средбата со жителите на Лозово, Фросина Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија.