Заев: Време е за одлука, за акција, за европска Македонија
Одлуката е историска и се работи за иднината на нашите деца. Преку оваа одлука ние уште еднаш ќе потврдиме дека се носиме со одлучноста на нашите предци, кои храбро решаваа во 1903-та, 1941, 1991 година, истакна премиерот Зоран Заев на вечерашниот собир во центарот на Прилеп на коалицијата „Излези за европска Македонија“.