Сонот за злато на „ватрените“ продолжува, прва земја од Екс - Ју земјите во светско финале!
Тимот на коцкестите според многумина досега е најпријатното изненадување на светското првенство во Русија. Иако на него се пласираа дури преку баражот во квалификациите, тие вечерва обезбедија пласман во големото финале на едно светско првенство.