Агуеро ќе биде подготвен за Мундијалот
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, соопшти дека заздравувањето на Серхио Агуеро по хируршкиот зафат на коленото тече според планот и дека аргентинскиот фудбалер во целост ќе биде подготвен за Светското првенство во Русија, кое почнува на 14 јуни.