35 дена до стартот на СП во Русија: Лиедхолм - највозрасниот стрелец
35 – Затресувајќи ја мрежата за време на финалето на фудбалското светско првенство во 1958 година на домашен терен, Швеѓанецот Нилс Лиедхолм, со тогашните свои 35 години, 8 месеци и дваесет и еден ден, стана најстариот играч кој постигнал гол на натпреварите на првенствата. Пред почетокот на првенството во Русија 2018, тој рекорд стар 60 години сеуште важи.