Хрватските фудбалски легенди поканети на финалето во Москва
Хрватскиот фудбалски сојуз ги покани сите учесници од националниот тим на земјата, кои го освоија бронзениот медал на Мундијалот 1998, да присуствуваат на стадионот „Лужники“ во Москва за финалниот натпревар од Светското првенство во Русија меѓу Хрватска и Франција.