Мбапе го постигна 156. гол за ПСЖ и се изедначи со Ибрахимовиќ, следна цел Кавани
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе постигна два гола синоќа на натпреварот од 26. коло на францускиот шампионат против Сент Етјен (3:1). За 23-годишниот Французин ова беа 155. и 156-от гол за парижаните по што стана втор стрелец на клубот израмнувајќи се со Златан Ибрахимовиќ. Единсон Кавани е на првото место со 200 гола