Шпанскиот фудбалски прволигаш Селта Виго го објави назначувањето на Карлос Карвалхал за главен тренер на тимот. Педесет и шестгодишниот фудбалски стручњак потпиша договор до 2024 година, соопштува официјалниот сајт на клубот од Виго.
Фудбалските репрезентации на Англија и Шкотска ќе одиграат идниот септември пријателски натпревар со кој ќе одбележат 150 години од првиот меѓународен дуел во историјата на светскиот фудбал
Англискиот фудбалски прволигаш Вулверхемптон е во поодмината фаза на преговори со Јулиен Лопетеги за да седне на тренерското столче, јавија денеска британските медиуми
Еден од клучните луѓе за трансферот на Лионел Меси во Барселона на почетокот на овој век Фабијан Солдини изјави оти аргентинскиот капитен ќе даде сè уште од себе да го подигне пехарот на претстојното Светско првенство во Катар
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, потврди дека германскиот првак парично го казнил својот фудбалер Бенџамин Павар бидејќи управувал со автомобил под дејство на алкохол
Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, најави дека шпанскиот клуб ќе биде последен во неговата кариерата, но не прецизираше кога ќе замине во фудбалска пензија
Пред завршните натпревари од групната фаза во лигата на шампионите (ЛШ) познати се 14 од 16 екипи, кои се пласираа во осминафиналето
Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез оцени дека отсуството на „незаменливиот“ Ромелу Лукаку од претстојното Светско првенство во Катар ќе ја принуди екипата да го смени начинот на игра.
Младиот 19-годишен Белингам се најде на радарот на бројни европски гиганти, а најгласно се спомнуваат Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул и Челзи.
Англиската фудбалска репрезентација за време на Светското првенство во Катар ќе биде сместена во луксузниот хотел Соуг Ал-Вакра, кој се наоѓа на 15 километри од главниот град Доха.