Победникот од двомечот беше решен по продолженија, откако основните 90 минути завршија со резултат 4:3 за Реал Сосиедад.
Торинскиот клуб планира да го раскине договорот со 31-годишниот Полјак, чиј договор истекува во летото 2026. Милик сезонава нема настап на ниту еден натпревар.
Манчестер сити објави дека напаѓачот Ерлинг Халанд, кој се повреди во неделата на натпреварот (2:1) со Борнмут во четвртфиналето на ФА Купот, би можел да се врати на терените пред крајот на тековната сезона.
Раководството на МЛС лигата му забрани на Јасин Чеуко - телохранителот на напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, да трча на теренот за време на натпреварите.
Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик не го одобри трансферот на крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, пренесува „Ел Национал“.
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ова лето би можел да се пресели во Реал Мадрид, пренесува „Sky Sports“.
Поранешниот фудбалер на Барселона, Јувентус и Бразил, Дани Алвеш има право на паричен надоместок за 405-те дена поминати во затвор, пренесува „Marca“.
На стадионот во Тетово пред почетокот на средбата во минутата молчење од почит кон загинатите, одредени навивачи пееја песни и довикуваа.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагедијата во Кочани.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека крилниот напаѓач на тимот Букајо Сака би можел да игра во натпреварот од 30. коло од Премиер лигата против Фулам.