Италијанскиот калчо лигаш Рома, ја очекува казна од УЕФА поради расистичко навивање за време на мечот против Челзи на гостувањето во Лондон, а во рамките од Лигата на шампионите.
Германскиот репрезентативец, Месут Озил од Арсенал се сели во Манчестер Јунајтет пишуваат англиските медиуми.
Во натпреварите од третото коло на Лигата на Европа, Лацио по пресвртот триумфираше во Ница, а изненадување приреди украинската Зорја со победата против Херта од Берлин.
„Многу тежок натпревар, на жежок терен. Ѕвезда беше опасна од контранападите, но одевме на победа и заслужено славевме. Екипата покажа менталитет, ги градеше играта и резултатот и беше наградена со голот на Жиру“, изјави Венгер.
Сесар Аспиликуета, дефанзивниот играч на Челзи, изјави дека признава дека лошата форма влијаела на атмосферата и на моралот на играчите на тимот од Лондон.
Шпанскиот стратег смета дека клуч на победата е концентрираната игра во одбраната, која на вардарци не им дозволи да постигне гол, а потоа се било полесно за неговите избраници.
Вардар го загуби натпреварот со Реал Сосиедад со убедливи 6:0. Во Скопје вечерва доминираше претставникот од Шпанија и ги освои трите бода.
Четири од шестте голови за Сосиедад ги постигна Вилиан Жозе (34.минута, 42, 55 и 59), откако Микел Ојарзабал во 12.минута беше стрелец на првиот гол, а последниот го постигна Де ла Беља (90).
Македонскиот шампион Вардар денес со почеток 19 часот го игра натпреварот од 3. коло од Лига Европа. Во Скопје гостува шпанскиот тим Реал Сосиедад, кој во моментов се наоѓа на седмото место во Ла Лига.
Фудбалскиот клуб Вардар во пресрет на утрешниот дуел со Реал Сосиедад од Лигата на Европа ги повика навивачите кои утре ќе бидат присутни на средбата со Реал Сосиедад, порано да дојдат на Стадионот за да може навреме да влезат.