Фудбалерите на Милан, на АЕК и на Брага се пласираа во нокаут-фазата на Лигата на Европа, додека од понатамошно натпреварување се збогуваа Хофенхајм, Риека, Евертон...
Фудбалерите на Партизан со победата против Јанг бојс (2-1) обезбедија место во шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, а на едно коло пред крајот на групната фаза од натпреварувањето, познати се имињата на уште 15-те учесници на доигрувањето.
Екипата на Зенит ја постигнаа четвртата победа во групата Л од Лига Европа откако синоќа на домашен терен во рамките на 5. коло го победи македонскиот првак Вардар со 2:1.
Вардар имаше негатива од 2:0 на гостувањето на „Зенит Арена“ во Санкт Петербург после првото полувреме, и одбранет пенал на Гачевски.
Одигравме подобро од Скопје, само можам да кажам дека не сум задоволен од крајниот резултат. Честитки до Зенит за победата, рече Јаневски.
Во финишот од средбата Блажевски успеа да погоди во голот на Зенит, но предоцна да се стори нешто повеќе од оваа средба во која што Вардар доживеа минимален пораз.
Симоне Инзаги, тренерот на Лацио одлучил да ги одмори најдобрите играчи во натпреварот против Витесе, бидејќи „небесно-сините“ ја осигурија првата позиција во групата К од Лигата на Европа.
На ноемвриското рангирање објавено денеска од страна на Светската фудбалска федерација, „црвено-жолтите“ се најдоа на 76. место што претставува скок за девет позиции во однос на минатиот месец.
„Црвените“ сакаа да се засилат со Германецот во текот на летото, но тогаш до договор не дојде. Сега нивните шанси за овој трансфер изгледаат поголеми.
Џенк Тосун, голгетерот на Бешикташ, со настапите во Лигата на шампионите го привлече вниманието на Јувентус, кој ќе понуди 15 милиони евра за трансфер, пишува турскиот весник „Милиет“.