Деле Али, фудбалерот на Тотенхем, би можело да биде казнет поради новото симулирање.
Во последниот натпревар од 23-то коло од италијанското фудбалско првенство Џенова како гостин го изненади Лацио и во Рим славеше со 2:1.
Селекторот на младата италијанска фудбалска репрезентација Луиџи Ди Бјаџо ќе ја предводи сениорската селекција на пријателските средби со Англија и Аргентина во март, потврди денеска Фудбалската асоцијација на оваа земја.
Откако на Кристобал Парало му беше врачен отказ, нов тренер на Депортиво Ла Коруња ќе биде Кларенс Сидорф, а денес се очекува и официјално да биде потврдено тоа.
Камерунскиот фудбалер Кларенс Жуниор Битанг, е новиот играч кој што се приклучи на подготовките на екипата на Вардар во Анталија. Играчот од средниот ред денеска пристигна и се запозна со Вардаровите фудбалери, а имаше и полесен тренинг во вежбалница.
Особено првиот помошник кој пресуди при вториот пенал за гостинскиот тим во третата минута од судиското продолжение. Но, најневеројатниот момент се случи откако главниот арбитар Мос покажа на белата точка.
На последниот пријателски меч на подготовките во Анталија, Вардар денеска беше подобар од Дукла Прага со 1:0. Голот на Јован Попзлатанов во 50. минута ја донесе победата на „црвено-црните“.
Во саботата во 22-то коло од шпанското фудбалско првенство актуелниот шампион Реал Мадрид направи уште еден кикс, откако на гости против слабиот Левенте одигра 2:2.
За само 37 минути се продадени влезниците за натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, а огромниот интерес за овој дуел придонесе цената на црно да достигне неверојатни 24 илјади евра.
Италијанските медиуми пишуваат дека Мауро Икарди и Иван Перишиќ, фудбалерите на Интер, се степале по натпреварот со СПАЛ, поради што Аргентинецот сега по секоја цена сака да го напушти клубот.