Здружението на професионални фудбалери во Англија, ги објави имињата на претендентите за освојувањето на наградата за играч на годината.
Новото светско клупско првенство ќе се одржува еднаш на секои четири години, а не секоја година, ќе вклучува 31 натпревар и ќе генерира приходи од 650 милиони до 1 милијарда долари, според предлозите на ФИФА.
Најдобриот стрелец на Ливерпул, Мохамед Салах влезе во историјата на Премиер Лигата, откако беше изгласан за број 1 во Англија во март. 25-годишниот Египќанец е првиот играч кој ја освоил наградата за Фудбалер на месецот три пати во рамките на една сезона.
На денешното гласање учествуваа сите 20 клубови од Премиер лигата и беа согласни дека би требало да се продолжи со напредно тестирање за користењето на таа технологија и во идната сезона.
Денешната ждрепка за полуфиналето на Лигата на Шампионите даде одлична можност за Рома да се реваншира на Ливерпул за поразот во финалето на КЕШ во 1984 година, изјави спортскиот директор на „волците“ - Рамон Родригез Вердехо, или популарно Мончи.
Директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо се надева на добар резултат во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите во Минхен, кој ќе му даде предност на тимот на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“.
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, поради жестоката реакција и навредите кон судијата Мајкл Оливер може да добие суспензија и за натпреварите од италијанската Серија А, објави весникот „Газето дела спорт“.
Во полуфиналето од Лигата на шампионите (ЛШ) Реал Мадрид ќе игра против Баерн Минхен, а втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Рома.
Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли, се истетовира во знак на сеќавање на поранешниот капитен на тимот Давиде Астори, кој ненадејно почина пред повеќе од еден месец.
Најголемите фаворити за трофејот во Лига Европа (ЛЕ), Арсенал и Атлетико Мадрид, ќе се соочат во полуфиналето, а втората полуфинална двојка е составена од Олимпик Марсеј и Салцбург.