Генералниот секретар на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Фатма Самура, е осомничена за кршење на етичкиот код на организацијата, објави Би-Би-Си.
Еузебио ди Франческо верува дека Рома може да ја анулира негативата од „Енфилд“ и слично како против Барселона да оствари убедлива победа на реваншот во Рим.
Фудбалерот на Ливерпул, Џејмс Милнер стана рекордер по бројот на асистенциите во Лигата на шампионите.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни повеќекратниот грчки шампион Панатинаикос со тригодишна суспензија поради неисплатени долгови кон своите фудбалери.
Првиот човек на загрепски фудбалски клуб Динамо, Здравко Мамиќ изјави дека доколку го осудат ќе изврши самоубиство во затвор исто како Слободан Праљак во Хаг.
Фудбалерот од средниот ред на Каљари, Жоао Педро е обвинет за користење на допинг, објавија италијанските медиуми.
Директорот на Рома, Рамон Родригез Мончи, не го криеше своето разочарување по убедливиот пораз од Ливерпул и додаде дека Мохамед Салах кој беше најдобар играч на натпреварот морал да биде продаден.
Полицијата на Ливерпул започна истрага за судирот меѓу навивачите на Ливерпул и Рома пред натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите, јави Би-Би-Си.
Германскиот стручњак кој го предводи Ливерпул, Јирген Клоп е задоволен од високата победа (5:2) над Рома во првиот меч од полуфиналето во ЛШ.
53-годишен маж е во критична состојба откако беше нападнат во инцидентите кои се случија пред почетокот на полуфиналниот натпревар помеѓу Ливерпул и Рома во Лигата на шампионите.