Eгипетската ѕвезда на Ливерпул Мохамед Салах, беше крунисан како играч на сезоната за „црвените“ и дополнително ги израдува навивачите. Тој вети дека нема да го напушти „Енфилд“ и покрај сите шпекулации .
Напаѓачот на Ајакс, Давид Нерес, е предмет на сериозен интерес на Борусија Дортмунд, но германскиот клуб ќе мора да извади огромна сума, ако сака да го добие неговиот потпис.
Во Грција донесоа одлука да го доверат финалето од националниот куп на странски судија. Судирот меѓу АЕК Атина и ПАОК ќе биде предводен од елитниот шпански судија Давид Фернандез Борбалан. Негови асистенти ќе бидат Кабањеро Мартинез и Жозе Мануел Матијас Кабаљеро.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо рече дека не е особено среќен поради второто место што неговиот тим ќе го освои на крајот на сезоната во Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ одиграа без голови со Вест Хем во Лондон и ќе завршат зад убедливиот шампион Манчестер Сити.
Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа не дозволи гол на гостувањето кај Вест Хем (0:0) и ја освои „Златната ракавица“, која се доделува на голманот со најмногу чисти мрежи во сезоната во Премиер лигата.
Турскиот репрезентативец Арда Туран доби суспензија од 16 натпревари поради инцидентот што го направи на натпреварот помеѓу Башакшехир и Сиваспор.
Како што објави Би-Би-Си, Руни постигнал начелен договор со клубот Ди-си јунајтед, а Евертон за овој трансфер треба да добие 12 милиони фунти.
Клубот од следната сезона ќе настапува во Чемпионшип лигата, која е втора по квалитет вo англискиот фудбал, а сосема извесно е дека ќе го води друг тренер, бидејќи Карлос Карвахал си заминува.
Претставници на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одржале средба со седум од најголемите еврпски клубови, меѓу кои Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, за да биде разгледана понудата за реформи во Светското клупско првенство, пишува весникот „Њујорк тајмс“.
Бразил е прва во светот според бројот на фудбалери во странство, според истражувањето на фудбалската опсерваторија на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES).