Последниот тест натпревар за Аргентина пред Светското првенство 2018 година, што е закажан за 9 јуни со Израел на гостински терен, може да биде преместен во Барселона. Причината за ова е наглото влошување на ситуацијата во регионот на Блискиот Исток.
55-годишниот Мојс ја исполни целта за која беше донесен, а тоа е опстанок на Вест Хем во Премиер лигата по лошиот старт на сезоната на менаџерското место со Славен Билиќ.
Англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон му додели отказ на менаџерот Сем Алардајс, потврдено е денеска на клупскиот сајт.
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, очекува тежок дуел со Олимпик Марсеј, вечерва во Лион во финалето од Лига Европа.
34-годишниот шпански фудбалер по завршувањето на сезоната ќе стане слободен агент. Тој е во преговори со Монтреал и според последните информации објавени во американските медиуми, двете страни веќе постигнале договор.
Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси изјави дека ќе биде ужасно, ако неговиот пријател и поранешен соиграч Нејмар премине во Реал Мадрид.
Шпанскиот фудбалски стручњак и предводник на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го доби признанието за најдобар менаџер оваа година во изборот на Асоцијацијата на менаџери на англиските екипи.
Екипата на Астон Вила ќе игра натпревар за пласман во Премиер лигата по подобриот резултат во двомечот со Мидлзброу.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман очекува неговиот клуб да ја освои титулата во Лига Европа, иако на теренот нема да присуствува тренерот Диего Симеоне.
Германскиот селектор Јоаким Лев потпиша нов договор до 2022 година, соопштија од Германскиот фудбалски сојуз. Досегашниот договор на експертот истекуваше по крајот на Евро 2020.