Баерн Минхен стави четири од неговите главни играчи на трансфер листата.
Едуардо Берицо е новиот тренер на Атлетик Билбао. Четириесет и осум-годишниот Аргентинец, кој го предводеше за последно тимот на Севиља, потпиша едногодишен договор со Баскијците.
Проектирањето и планирањето на новиот стадион на Челзи беше изненадувачки запрено. Ова стана јасно од кратка порака која беше објавена на официјалната веб страница на „сините“.
Минути откако Зинедин Зидан ја објави одлуката да го напушти Реал Мадрид, започнаа шпекулациите за тоа кој ќе го наследи на жешката позиција.
Ѓоре Јовановски останува на кормилото на Работнички и во следната сезона. Тој постигна договор со раководството на клубот за нова едногодишна соработка, со опција за продолжување на уште една дополнителна година, соопшти клубот „Градски Парк“.
Сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, изјави дека за неговата одлука знаел само капитенот Серхио Рамос.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез призна дека одлуката на тренерот Зинедин Зидан за напуштање на клубот е неочекувана за него. Денес на ненајавена прес-конференција францускиот фудбалски стручњак објави дека ја напушта тренерската функција.
Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објави денеска францускиот фудбалски стручњак.
Премиерлигашот Ливерпул е во потрага по нов голман кој би го заменил сегашниот Лорис Кариус, а најнова цел на „црвените“ е Словенецот Јан Облак, објавија англиските медиуми.
Легендарниот поранешен англиски репрезентативец и фудбалер на Челзи, Френк Лампард е поставен за нов тренер на Дерби Каунти.