Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, сака да го зајакне својот тим со играчот на Челзи, Францеск Фабрегас, објави „Спорт Медијасет“.
Младиот марокански дефанзивец на Реал Мадрид, Ашраф Хакими потпиша со германскиот тим Борусија Дортмунд, каде ќе игра во наредните две сезони.
Работниците во автомобилскиот концерн „Фиат“ ќе почнат штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус за 105 милиони евра, информираат од Синдикатот.
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, соопшти дека тренерот Маурисио Сари е блиску до потпишување договор со Челзи.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, трансферот на Роналдо го оцени како многу значаен настан и за клубот и за фудбалот во Италија.
Уругвајскиот фудбалски репрезентативец, Лукас Тореира е нов играч на Арсенал, објави премиерлигашот од Лондон. Фудбалерот од средниот ред пристигна од Сампдорија во трансфер вреден 30 милиони евра.
Легендарниот напаѓач на бразилската репрезентација Роналдо рече дека од Нејмар очекувал подобар настап на Светското првенство.
Македонскиот вицепрвак Вардар на утрешниот натпревар против Пјуник во рамките од 1. квалификациско коло од Лигата на Европа, нема да смета на услугите на бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо, кој не допатува со екипата во Ереван.
Ријад Марез и официјално е нов член на Манчестер Сити и тој е првото засилување за англискиот шампион во летниот преоден рок.
Македонскиот шампион Шкендија со високи 5:0 го совлада велшки ТНС на првиот натпревар од квалификациите во Лигата на шампионите, што се одигра вечерва во Скопје.