Зидан не планира враќање во Јувентус
Зинедин Зидан не планира враќање во Јувентус, тврди „РМЦ Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до поранешниот тренер на Реал Мадрид. Откако Кристијано Роналдо премина во Јувентус, многу се шпекулираше за евентуално враќање на Зидан кај „Старата дама“ како спортски директор.