Васоски: Разочарувањето е големо, промените во составот имаа последици
Тренерот на Вардар, Александар Васоски на прес-конференцијата по поразот од Пјуник (0:2) на Градскиот стадион во реваншот од првото квалификациско коло на Лигата на Европа изјави дека разочарувањето е големо, но дека ова треба да биде „отрезнување“ за сите во тимот и да се почне со сериозна работа. за да се подобрат работите во иднина.