Нејмар вети дека ќе стане друг човек
Ѕвездата на Пари Сен Жермен и бразилската репрезентација, Нејмар да Силва, призна дека за време на Мундијалот 2018 навистина намерно ги преувеличувал последиците од секој поостар старт врз него. Најскапиот играч во историјата на фудбалот сепак вети дека ја научил лекцијата и во новата сезона ќе биде „друг човек“.