Манчестер Сити привлече дефанзивец од Цволе
Манчестер Сити се засили со холандскиот дефанзивец Филип Сандлер. Овој 21-годишен талент пристигна од Цволе, а е младинец на Ајакс и репрезентативец на Холандија во составот до 20 години. Сепак, Сандлер го откри својот талент по трансферот во Цволе, кој не остана незабележан од скаутите на „граѓаните“, и на крајот тој се најде на „Етихад“.