Одложени два меча во Серија „А“ поради трагедијата во Џенова
По огромната трагедија во Џенова, поврзана со уривањето на мостот „Понте Моранди“, Италијанската фудбалска федерација одлучи да ги одложи средбите меѓу Сампдорија - Фиорентина и Милан - Џенова, закажани за в недела.