Интер почна преговори за продолжување на соработката со Икарди
Интер работи на нов договор за напаѓачот Мауро Икарди, објавија италијанските медиуми. Според „Кориере дело Спорт“ во моментот клубот преговара со сопругата на играчот Ванда Нара, кој е негов агент. Сегашниот договор истекува во 2021 година. Договорот предвидува откупна клаузула од 110 милиони долари.