Манчестер сити загуби три натпревари во низа за прв пат од 2018 година
„Граѓаните“ синоќа беа поразени во 4. коло во Лигата на шампионите од Спортинг (1:4). На 31 октомври, тимот на Пеп Гвардиола загуби од Тотенхем (1:2), а на 2 ноември од Борнмут (1:2) во натпреварите од Премиер лигата.