Чеферин: Наесен фудбалот повторно ќе се игра пред полни стадиони
Завршницата на Лигата на шампиони покажа дека фудбалот и во услови на пандемија може да се игра во присуство на публика, а доколку истата слика се повтори и на ЕУРО2020, наесен стадионите повторно ќе можат да бидат исполнети со целиот капацитет, оцени денеска претседателот на УЕФА Александар Чеферин.